
Сампдорија е пред испаѓање во Серија Ц, клубот ќе го спасува - Роберто Манчини
Тој ќе биде во улога на спортски директор, во ситуација кога ситуацијата во клубот од Џенова е никогаш полоша. Долгот изнесува 175 милиони евра и првпат во историјата на Сампдорија ѝ се заканува испаѓање во Серија Ц, имајќи предвид дека во моментов е на 18. место на табелата, а сезонава на 32 натпревара, оствари само шест победи.
Манчини ќе се обиде да ѝ помогне на екипата каде опашки се влечат уште од времето кога претседател беше Масимо Фереро. Клубот едвај доби лиценца да се натпреварува и дури во еден момент му се закануваше ликвидација поради долговите кон поранешните играчи и тренери.
Ќе има промена и на тренерското место кое ќе му припадне на членот на легендарната генерација на Милан, Алберико Евани, а Манчини ќе има одврзани раце да ја врати Сампдорија на старите патеки.