Флорида анулираше -12 и по 18 години, повторно е НЦАА шампион (ВИДЕО)

Првпат по 2007 и вкупно трет пат во историјата, екипата на Флорида Гејторс е освојувач на титулата во НЦАА.

Во финалето, на крајно драматичен начин и по голем пресврт, Флорида го победи Хјустон со 65-63. Во клучните моменти се разбуди најдобриот играч Волтер Клејтон кој во последните осум минути постигна 11 поени иако претходно немаше ниеден кош од игра. Ова беше трет натпревар по ред на кој Флорида успеа да се врати од висока негатива и да дојде до победата откако во четвртфиналето против Оборн губеше со девет, а во полуфиналето со Тексас Тек и со десет поени разлика.

Хјустон имаше напад за израмнување и за победа, но не успеа ни да упати удар и трет пат во историјата загуби во финалето, а се уште ја чека првата титула во НЦАА. Претходните два пораза ги доживеа во 1983 и 1984 година кога членови на Кугарс беа Хаким Олајџувон и Клајд Дрекслер. Што се однесува до Флорида, претходните трофеи ги освои во 2006 и 2007 година кога во екипата беа Жоаким Ноа и Ал Хорфорд.

За МВП беше прогласен Волтер Клејтон кој во финалето имаше големи проблеми, но со своите 11 поени придонесе за победата на Флорида, но реализира 64 на претходните два меча.