Њукасл со три гола за 33 минути го совлада Лестер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Њукасл запишаа лесна победа против Лестер сити во 31. коло од Премиерлигата.

Џејкоб Марфи беше стрелец на два од нив, и тоа во втората и во 11. минута од средбата, додека Харви Барнес во 34. минута погоди за 3-0.

Њукасл се наоѓа на петтата позиција со 53 бодови по 30 одиграни меча, додека Лестер е претпоследен со 17 поени.