Промашување на сезоната: Хрватот Будимир реагираше како аматер! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Осасуна вчера одиграа 1-1 на гости кај Леганес во 30. коло од Ла Лига, а посебно oд овој натпревар се истакна ситуацијата од 30. минута кога Анте Будимир не успеа да реализира на празен гол на одалеченост од само два метри.

Топката до хрватскиот напаѓач стигна во акција во која од левата страна на втората статива ја прими Џон Монакјло кој ја проследи до Хрватот.

Будимир имаше идеална позиција, но на крајот не успеа да ја спроведе топката во мрежата.