Легендарен албански репрезентативец жестоко ги испровоцира Србите на денот на НАТО нападите (ФОТО)

Рекордерот по бројот на настапи за албанската репрезентација Лорик Цана упати жестока провокација до Србите, на денот (24 март) на почетокот на бомбардирањето на НАТО врз Србија.

На својот профил на Инстаграм, тој објави стори со игра на зборови во кое се спомнува НАТО и американскиот производител на спортска опрема Најк, но во контекст кој јасно покажува дека го поддржува нападот на Србија. Цана е роден во Приштина во 1983 година кога Косово беше дел од Србија, но во 1992 година со своето семејство се преселил во Швајцарија. Репрезентативец на Албанија беше од 2013 до 2016 година и одигра 93 натпревари што се уште е рекорд во националниот тим на нашиот западен сосед.

Интересно е тоа што во својата професионална кариера, како член на Марсеј, Сандерленд, Галатасарај, Лацио, Нант и ПСЖ, Цана имал српски соиграчи како Душан Баста или Филип Ѓорѓевиќ, но и натаму гаи омраза кон целиот српски народ.