Дебакл среде Белград: Ефес го „смрзна“ Партизан на „минус 32“!

Кошаркарите на Партизан вечерва го претрпеа еден од најубедливите порази на домашен терен во последниот период, Анадолу Ефес во Белград запиша триумф од огромни 32 поени разлика (65-97).

Од самиот почеток на натпреварот Ефес беше подобриот тим на паркетот, но по првата четвртина домаќините сепак се одржуваа и не дозволија Ефес да направи повисока разлика. (18-24).

Сепак, како што одминуваше времето Партизан се помалку парираше на расположените гостински кошаркари. Уште во вториот период турскиот клуб дојде до над 20 поени разлика, а на паузата на семафорот стоеше 33-54.

Не  се промени сликата на теренот ниту по враќањето на теренот, стигнаа гостите и до предност од 30 поени разлика, па така во последниот период беше отворено само прашањето со колкава разлика гостите ќе слават.

Томпсон со 19 поени беше најефикасен на натпреварот, додека за Партизан Германецот Бонга и Џонс имаа по 11.

За Партизан ова беше трет пораз во низа во Евролигата и се наоѓа на 12-тата позиција, додека Ефес кој е во серија од четири победи е едно место понапред.