Неверојатно: Бостон продаден за 6,1 милијарди долари!

Бостон селтикс беше продаден за неверојатни 6,1 милијарди долари, па така стана најскапо продадената спортска франшиза во историјата на Америка.

Фамилијата Грусбек, која го купи Бостон во 2022 година за 360 милиони долари, сега реши да го продаде на Вилијам Чизолм за неверојатни 6,1 милијарди долари.

Уште од минатото лето се појавија приказните се продажбата, откако беше освоен шампионскиот прстен, а сопственикот Вик Грусбек имаше намера да се ослободи од неговите акции.

Рокот за доставување на првите понуди беше 23 јануари оваа година, а трансакцијата била комплетирана дури сега, објави новинарот на „ЕСПН“, Шемс Чарунија.