Балканци го срушија најдобриот тим во НБА лигата (ВИДЕО)

Кливленд Кавалирс го доживеа вториот пораз во низа откако ноќеска загуби на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 119-132.

Во главна улога беа двајцата балканци, односно кошаркари од просторите на поранешна Југославија и покрај тоа што се истакнаа уште неколку играчи. Ивица Зубац беше втор стрелец на мечот, но оствари монструозен дабл дабл со 28 поени и 20 скок, додека Богдан Богдановиќ заврши со 20 поени и стана прв кошаркар во историјата на Клиперс кој имал 100-процентен ефект од игра со најмалку осум шута (8/8).

Најефикасен на натпреварот беше Кавај Ленард кој конечно одигра на своето ниво и постигна 33 поени, но се истакна и Харден со 22 поена.

Кливленд и покрај поразот се уште е убедливо прв во Источната конференција со шест победи повеќе од второпласираниот Бостон и натпревар помалку. Екипата веќе го обезбеди пласманот во плејофот, но до крајот на основниот дел од сезоната ќе се обиде да ја задржи челната позиција со што би имала предност на домашен терен во плејофот.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Атланта 102-134
Бостон - Бруклин 104-96
Голден Стејт - Милвоки 104-93
ЛА Клиперс - Кливленд 132-119