ФК Горица објави книга на жалост за македонскиот фудбалер Андреј Лазаров

Хрватскиот фудбалски клуб, Горица, каде настапуваше Андреј Лазаров пред да се врати во Македонија и да потпише за Шкупи, отвори книга на жалост.

Андреј Лазаров успеа да излезе од дискотеката „Пулс“, но потоа се вратил да помага за спасување на други лица и го загубил својот живот.

Македонскиот фудбалер во 2024 година настапуваше за Горица, а хрватскиот клуб отвори книга на жалост.

„На градскиот стадион отворена е Книга на жаост за нашиот мил Андреј Лазаров кој прерано го напушти овој свет. Сите кои сакаат да се запишат во книгата можат да го направат тоа од денес до четвртокот на источмиот влез на стадионот“, стои во објавата на Горица.