Вардар - Ц. Звезда ќе играат хуманитарен меч на 16 април во Скопје!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар договори хуманитарен натпревар против српскиот гигант Црвена Звезда на 16 април во Скопје.

ФК Вардар доцна вечерва објави дека извршниот директор Миленко Неделковски и генералниот директор на Ц. Звезда, Звездан Терзиќ, се договориле за хуманитарен натпревар, а собраните средства ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Двете екипи треба да го потпишат договорот во текот на утрешниот ден, а посредник при договарањето бил поранешниот македонски фудбалер Илија Најдоски.

Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени и пренесени на лекување во болница.