Циркус во Бугарија - минута молк за жив човек (ВИДЕО)

Голем гаф се случи вчера во бугарското фудбалско првенство, на мечот меѓу Арда и Левски.

Натпреварот почна со минута молчење во чест на Петко Ганчев, фудбалерите на двете екипи се собраа на центарот и прегрнати му оддадоа „последна почит“ на „починатиот“. Не би имало тука ништо чудно, ако нешто подоцна не било утврдено дека Ганчев е - жив.

 

 

Управата на Арда, кој е поранешен клуб на Ганчев, добила информација дека тој починат, но место да ја проверат на соодветен начин, одлучиле да му оддадат почит пред почетокот. Фудбалерот и неговите пријатели разбрале што се случува, па демантираа и Арда мораше да се извинува.

 

 

„Драги новинари, драги навивачи на Арда, менаџментот на клубот сака да изрази големо извинување на нашиот поранешен фудбалер Петко Ганчев и на неговото семејство бидејќи до нас стигна неточна информација за наводна негова смрт. Му посакуваме на Петко уште многу години здравје и да ужива во успесите на Арда“, пишува во соопштението на клубот.