
Барди го постигна првенецот во дресот на Бодрумспор (ВИДЕО)
Бодрумспор се радуваше на победа над Ризеспор со 2:0. Барди во листата на стрелци се запиша во 62. минута кога погоди по асистенцијата на Мохамед.
Тимот на Бодрумспор со овие три бода повеќе не е во опасната зона во турската Суперлига. По овој натпревар, Барди ќе допатува на собирот на националниот тим во кој наредниот период ќе биде дел од натпреварите со Лихтенштајн на 22 март и Велс дома три дена подоцна.