
Македонија ѝ гостува на Словенија: Лазаров направи две измени (ФОТО)
Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе ги продолжи квалификациите за Европското првенство (СП) со гостувањето кај лидерот во групата, Словенија.
Избраниците на Кире Лазаров ќе се обидат да се реваншираат на мечот во Копер, каде што Македонија ќе настапи со две измени во однос на претходниот дуел.
Селекторот Лазаров се реши за две измени во тимот пред денешниот меч, односно Иван Галевски ќе добие шанса наместо Марко Кизиќ, додека Александар Петковски ќе настапи наместо Томислав Јагуриновски.
Словенија, од друга страна, реши да не направи ниту една замена во однос на гостувањето во Скопје, па така со истиот состав ќе се обиде да запише нов триумф во групната фаза. Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра денеска од 18.30 часот.
По три одиграни кола, Македонија има една победа и два порази, додека Словенија е лидер со три триумфи.