Тричковски со петтиот гол сезонава го најави пресвртот на АЕЛ (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски го одведе својот тим АЕЛ Лимасол до исклучително важна победа во борбата за опстанок во кипарското првенство.

АЕЛ славеше со 2-1 на гостувањето кај Омонија Арадипу и покрај тоа што беше во негатива по првото полувреме. Тричковски во 50. минута го израмни резултатот со удар со глава по центаршут од левата страна, а 20 минути подоцна Зе Турбо му донесе победа на АЕЛ.

За Тричковски ова е петти гол сезонава со што е втор стрелец на АЕЛ во кипарското првенство. АЕЛ сега има пет бода повеќе од првата екипа што се наоѓа во зоната за испаѓање.