Пантер остана енигма за Партизан - со 25 поени им пресуди на „своите“!

Барселона славеше во дербито против Партизан со 87-80, а најдобар на теренот беше Кевин Пантер, кој остана енигма за својот поранешен клуб.

Партизан ја доби првата четвртина со 32-25, меѓутоа во следните 10 минути беше очаен во нападот и постигна само девет поени, додека Барселона на паузата замина со убедливи 54-41.

Српскиот тим успеа да ја врати неизвесноста во второто полувреме, меѓутоа Барселона не дозволи изненадување и на крајот запиша сигурна победа.

Пантер го заврши натпреварот со 25 поени и четири асистенции, додека Браун беше најефикасен кај „црно-белите“ со 16 поени, два скокови и две асистенции.

На останатите натпревари Олимпијакос славеше против Панатинаикос со 76-74, додека Анадолу Ефес триумфира против Баерн со 97-92.