Симеоне имаше шоу на пресот: Кој виде дека Алварез двапати ја удри, нека крене рака! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид на пенали беше елиминиран од Реал Мадрид и тоа на невиден начин, голот на Хулен Алварез од белата точка беше поништен поради тоа што напаѓачот со двете нозе ја удри топката при шутот.

Тоа беше клучниот момент кој предизвика многу полемики. Алварез се лизна, шутираше со десната нога, а топката го удри и во левата. Нешто што многумина не го забележаа од прва.

Диего Симеоне е гневен поради начинот на кој неговиот тим е елиминиран, па имаше свое шоу на прес-конференцијата.

„Ако некој од тука виде дека Алварез двапати ја удри топката, нека крене рака. Ајде, никој? Никој не виде?“, им објаснуваше Симеоне на новинарите.