
Анчелоти отпишал еден фудбалер: Додека тој ги води „кралевите“, нема да заигра!
Наводно, Анчелоти донел техничка одлука да не смета на 28-годишниот дефанзивец кој и онака ретко кога добива минутажа. Како што се наведува, Италијанецот смета дека многу е подобро да се даде шанса на помладите фудбалери како Раул Асенсио бидејќи Ваљехо не го убедил дека е играч на нивото за Реал Мадрид.
Сезонава Ваљехо одигра само десетина минути, влезе во клупата против Алавес во септември кога Реал Мадрид во завршницата прими два гола и едвај извлече победа од 3-2. Подоцна и покрај повредите на Алаба, Милитао и Рудигер, Анчелоти во одбрана настапуваше дури и со Чуамени кој е фудбалер за врска.
Ситуацијата со Ваљехо ескалирала во Купот на Шпанија кога Ваљехо требало да настапи против нисколигашот Депортиво Минара, но Ваљехо на еден ден пред натпреварот побарал разговор со Анчелоти и му кажал дека не е подготвен за игра поради физички проблеми. Клупските доктори не можеле да ги потврдат проблемите и тоа го налутило Анчелоти.