
Дарко Панчев избран во идеалниот тим на Звезда на сите времиња (ФОТО)
Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев е избран идеалниот тим на Црвена Звезда на сите времиња во изборот кој го организираше „Моцартспорт“, а гласаа 90 фудбалски легенди и актуелни новинари од регионот.
Панчев во изборот освои 49 гласови од секој од 90-те учесници во гласањето или 54.4%.
Покрај Панчев во тимот се уште: Владимир Беара, Бранко Станковиќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ, Рајко Митиќ, Драган Стојковиќ, Драгослав Шекуларац, Дејан Савичевиќ и Драган Џајиќ.
За тренер на тимот е избран Миљан Миљаниќ.
Гласови во изборот добија уште Илија Најдоски (осум гласа) и Бошко Ѓуровски (пет гласа), но тие не успеаа да освојат доволно да бидат помеѓу најдобрите 11.
Во гласањето се избираше и идеален тим на Партизан каде што очекувано немаше македонски претставници.