
Фенербахче до Галатасарај: Кога некој скока како мајмун, не значи дека е мајмун!
Жозе Мурињо по натпреварот беше обвинет од Галатасарај за расизам поради изјавата во која го критикуваше однесувањето на луѓетo на клупата за резерви на Галатасарај изјавувајќи „скокаа како мајмуни“.
Набрзо стигна одговор и од Фенербахче.
„Зборовите на Мурињо се целосно извлечени од контекст. Само некој кој сака да измислува тоа ќе го протолкува како расизам. Тој тоа го кажа како објаснување на реакцијата на целата клупа на Галатасарај на одлуките на судијата. Не ни е јасно зошто некој сака да манипулира. Кога за некој ќе кажеш дека „трча како зајак“, не мислиш буквално дека е „зајак“, така истото важи за зборот „мајмун““, истакнуваат од Фенербахче.