
Поранешниот светски шампион со Италија стана тренер во Милан
Одо на новата позиција го наследи Даниеле Бонера кој беше разрешен во текот на вчерашниот ден.
„Клубот сака да му посака добредојде на Масимо и неговите соработници“; објави Милан.
Резервниот тим на Милан е еден од трите клубови од Серија А кои имаат клубови во Серија Ц, тука се уште тимовите на Јувентус и Аталанта.
Одо во кариерата како фудбалер освен Милан го носеше уште дресот на: Наполи, Верона и Лацио.
Откако ја заврши фудбалската кариера работеше во различни нивоа на италијанскиот фудбал и беше тренер во: Пескара, СПАЛ, Падова, Перуџа, Кротоне и Удинезе.