Aнчелоти: Доста ми е од приказните за Винисиус

Стратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред натпреварот против Осасуна кој на распоред е в сабота од 16:15 часот.

Анчелоти зборуваше за една од темите која е актуелна во јавноста, а тоа ситуацијата и шпекулациите со иднината на Бразилецот, Винисиус Жуниор. Бразилскиот фудбалер подолго време се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија, но засега од Реал се убедени дека тој е фокусиран само на настапите во дресот на „кралевите“.

„Дали сум уморен од тие приказни? Да. Дали сум загрижен? Не. Го гледам ли среќен? Да. И среќни сме со него. Немам повеќе што да додадам околу тоа од она што го кажав пред две недели. Тоа е тема за која се зборува надвор од клубот, ние воопшто не разговараме за нешто такво. Винисиус е полн со желба и тоа го гледам“, изјави Анчелоти.