![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/13/248352-marej-zastana-vednash-zad-donchikj-denver-so-fantastichna-serija-odi-na-ol-star-pauza-video.jpg?itok=gIVHidda)
Мареј застана веднаш зад Јокиќ, Денвер со фантастична серија оди на Ол стар пауза (ВИДЕО)
Тимот од Колорадо го совлада Портланд со 132-121 и се израмни со бројот на победи со второпласираниот на Западот, Мемфис со тоа што Денвер има натпревар повеќе. Никола Јокиќ дојде до 25. трипл дабл во сезоната, постигнувајќи 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, но ѕвезда на вечерта беше Џамал Мареј кој оствари рекорд на кариерата со 55 постигнати поени.
Ефектот на канадскиот кошаркар е трет во историјата на Нагетс по 73. поени на Дејвид Томпсон во 1978 година и 56 на Јокиќ пред два месеца. Мареј и Јокиќ го сочинуваат четвртиот тандем во историјата на НБА кој постигнал 55+ поени во иста сезона.
Јокиќ сега го има третиот највисок биланс на трипл дабл пред Ол стар викендот во историјата на НБА, по Оскар Робертсон во сезоната 1961/62 (28) и Расел Вестбрук во 2016/17 (27). Во екипата на Портланд, најефикасен беше Енферни Симонс со 26 поени, а Донован Клинган додаде 17 поени и 20 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Сан Антонио 116-103
Орландо - Шарлот 102-86
Вашингтон - Индијана 130-134
Бруклин - Филаделфија 100-96
Њујорк - Атланта 149-148
Торонто - Кливленд 108-131
Чикаго - Детроит 110-128
Минесота - Милвоки 101-103
Њу Орлеанс - Сакраменто 111-119
Оклахома - Мајами 115-101
Хјустон - Феникс 119-111
Денвер - Портланс 132-121
Јута - ЛА Лејкерс 131-119
Далас - Голден Стејт 111-107
ЛА Клиперс - Мемфис 128-114