Мењон му подари победа на Феенорд, Баерн го реши Селтик (ВИДЕО)

Феенорд успеа да го изненади Милан со 1-0, додека Баерн Минхен славеше со 2-1 против Селтик во првите натпревари од плејофот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Голманот на Милан, Мајк Мењон нема да го памети по добро дуелот против Феенорд затоа што по три минути игра му подари гол на Игор Паишао со неговата несмасна интервенција.

Милан не можеше да пронајде ритам во првите 45 минути, по што резултатот не се менуваше до крајот на полувремето.

Избраниците на Серџо Консеисао тргнаа посериозно кон голот на Феенорд во вториот дел, меѓутоа не искористија ниту една од шансите, по што Феенорд триумфира со 1-0.

Баерн Минхен постигна голови преку Олисе и Кејн, додека Селтик преку Маеда намали на 1-2. Победа оствари и Бенфика на гостувањето кај Монако со погодокот на Павлидис.