Тепачка по дербито во Ливерпул - судијата подели три црвени картони! (ВИДЕО)

По последниот судиски свиреж во дербито меѓу Евертон и Ливерпул (2-2) на „Гудисон парк“ попуштија нервите меѓу фудбалерите, па Куртис Џонс и Абдулаје Дукуре предизвикаа инцидент.

Во мешаницата на теренот се вклучија и останатите фудбалери од двете екипи, по што неколку минути не се смируваа тензиите на теренот, а на крајот на двајцата фудбалери им беа покажани црвени картони.

Судијата имаше црвен картон и за тренерот на Ливерпул, Арне Слот, кој очигледно му замери за неговите одлуки.