Димитријевиќ постигна 14 поени, Милано обезбеди полуфинале во Купот

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ му помогна на Милано да оствари триумф против Виртус Болоња со 91-77 за пласман во полуфинале на италијанскиот Куп.

Двете екипи понудија возбудлива кошарка на стартот, при што Милано направи исчекор кон победата со одличната втора четвртина со која се здоби со водство од 47-33 пред паузата.

Виртус Болоња не можеше да го исфрли Милано од ритам во вториот дел, па така Димитријевиќ и другарите успешно ја чуваа предноста до крајот (91-77).

Димитријевиќ го заврши натпреварот со 14 поени, еден скок и три асистенции, додека најефикасен во редовите на Милано беше Шилдс со 19 поени.