Анчелоти: Сега почнува сезоната за нас!

Во спектакуларен меч на Етихад, Реал Мадрид со 3-2 го победи Манчестер Сити, па Карло Анчелоти не го криеше задоволството по натпреварот.

Реал Мадрид не блескаше во првиот дел од сезоната, но кралскиот клуб се буди.

„Заслуживме да победиме. Ова е фер резултат. Сезоната за нас почнува сега“, вели Анчелоти по мечот.

Италијанскиот стратег вели дека провокацијата од фановите на Сити била дополнителна мотивација за Винисиус.

„Банерот со Родри и Златната топка? Не знам дали Вини го виде тоа, но гледајќи го натпреварот, ако го видел тоа, тоа било голема мотивација за него“, рече Италијанецот.