УФЦ-борец нуди милион рубљи на секој кој ќе го победи на тренинг

Хамзат Чимаев е еден од најпознатите борци во УФЦ, а последната борба ја имаше минатата година кога го победи Роберт Витакер.

Чимаев е познат и по неговите провокации кон останатите борци, а руските медиуми пишуваат дека УФЦ-борецот има и интересна понуда за сите.

Борецот нуди по милион рубљи на секој кој ќе го победи на тренинг, а таква понуда досега не е забележана во светот на УФЦ.