Модриќ и понатаму руши рекорди: Во вчерашното дерби повторно испиша историја

Капитенот на Реал Мадрид во вчерашното градско дерби против Атлетико повторно испиша историја.

Хрватот кој оваа година ќе го прослави својот 40-ти роденден би можел наскоро да го продолжи договорот, а против Атлетико во игра влезе во 81. минута и тоа беше доволно да стане рекордер на Реал.

Имено, Модриќ стана фудбалер со најмногу одиграни мадридски дербија од сите странци во историјата.

Модриќ го запиша својот 40-ти настап и така го остави зад себе Карим Бензема кој имаше 39 натпревари. Зад нив следат: Тони Крос (33 натпревари), Јан Облак (32 натпревари), Кристијано Роналдо (31) и Антоан Гризман (31).