
Мексиканците поради Рамос ги променија правилата на лигата
Во Мексико Рамос ќе го носи бројот 93 и тоа во чест на голот кој го постигна за Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите против Атлетико. Реал тогаш губеше со 1-0, Рамос донесе израмнување во завршницата, а потоа „кралевите“ славеа победа.
Интересно е што според правилата во мексиканското првенство дозволени се броевите од 1 до 35, но Монтереј направи притисок до раководството на лигата и успеа да ги убеди Рамос да го носи бројот кој го посакува.
Платата која ќе ја заработува шпанскиот ветеран ќе изнесува чеитри милиони евра годишно.