Топ десет трансфери во овој преоден рок: Манчестер сити издоминира!

На полноќ изминатата вечер заврши преодниот рок во најголемите европски првенства, а во него најголемиот трансфер го направи фудбалерот на Астон Вила, Џон Дуран со трансферот во Астон вила.

Нјамногу потроши Манчестер сити кој претходно се соочи со резултатска криза, па Гвардиола и раководството на „граѓаните“ брзо реагираа.

Вкупно на четири засилувања Гвардиола потроши 206 милиони евра и тоа е повеќе од останатите 19 премиерлигаши заедно. Нови имиња во Манчестер се Омар Мармуш од Ајнтрахт (75 милиони евра), Витор Реис од Палмеирас (37 милиони евра), Абукодир Хусанов од Ленс (40 милиони евра) и  Нико Гонзалес од Порто (60 милиони евра).

Сите четири трансфери на „граѓаните“ се помеѓу најскапите 10.

НАЈГОЛЕМИ 10 ТРАНСФЕРИ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН РОК

1. Џон Дуран - од Астон Вила во Ал-Наср - 77.000.000 евра
2. Омар Мармуш - од Ајнтрахт во Манчестер сити - 75.000.000 евра
3. Квича Кварацкелија - од Наполи во ПСЖ - 70.000.000 евра
4. Нико Гонзалез - од Порто во Манчестер сити - 60.000.000 евра
5. Чави Симонс - од ПСЖ во РБ Лајпциг - 50.000.000 евра
6. Вандерсон Галено - од Порто во Ал-Ахли - 50.000.000 евра
7. Абукодир Хусанов - од Ленс во Манчестер сити - 40.000.000 евра
8. Виктор Реис - од Палмеирас во Манчестер сити - 37.000.000 евра
9. Луиз Енрике - од Ботафого во Зенит - 33.000.000 евра
10. Сантиаго Хименез - од Феенорд во Милан - 32.000.000 евра