Лацио со три бода се враќа од Сардинија! (ВИДЕО)
Лацијалите на гол се израдуваа уште во 16. минута, но погодокот на Диа беше поништен поради играње со рака.
На пет минути пред крајот на првото полувреме Закањи постигна гол за водство на Лацио од 1-0.
По десет минути игра во второто полувреме Пиколи го изедначи резултатот на 1-1, но тој не траеше долго.
Девет минути подоцна, Кастљанос по асистенција од Закањи погоди за победа на Лацио од 2-1.