Баерн купи нов голман, но се знае кој е број еден - Ноер потпиша нов договор!

Иако пред една недела Баерн Минхен го доведе младиот чувар на мрежата, Џонас Урбит, денеска нов договор со гигантот од Минхен потпиша Мануел Ноер.

Еден од најдобрите германски голмани ќе продолжи да го чувар голот на Баерн и во наредната сезоната откако стави потпис на соработка до 2026 година.

Ноер во дресот на Баерн има 547 настапи и во иднина таа бројка сигурно ќе биде и поголема.

Планот на Баерн е Ноер и понатаму да биде прв голман, а секако дека 21-годишниот Урбит ќе има што да научи.

Ноер во Баерн е од 2011 година, а во кариерата настапуваше само уште за Шалке