Последно коло од лига фазата во ЛШ, Манчестер Сити има само една опција - победа!
Поради тоа што е последно коло, денеска во ист термин се играат сите натпревари од Лигата на шампионите. Дури 18 мечеви ќе почнат од 21 часот.
Дел од клубовите имаат решена судбина, дел се борат за место меѓу осумте најдобри со цел директно да одат во осминафиналето, а дел ќе водат битка да се пласираат во 1/16 финалната нокаут фаза.
Од гигантите најзагрозен е Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола се наоѓа на 25. позиција со две бода помалку од 24. место на кое е Штутгарт и тоа е последно кое води понатаму.
Манчестер Сити денеска го пречекува Клуб Бриж кој има 11 бодови. Тоа ќе биде директен дуел за пласман во следната фаза. Сити нема друга опција, мора да победи, на белгискиот клуб му одговара и нерешено. Доколку англискиот шампион испадне, тоа ќе биде голема сензација.
Теоретски шанси за пласман понатаму има и Динамо Загреб кој треба на Максимир да го победи Милан. Росонерите се борат да се задржат во топ 8, во моментов се на шесттата позиција.
Денешни натпревари во ЛШ:
Астон Вила - Селтик
Барселона - Аталанта
Баер Леверкузен - Спарта Прага
Баерн Минхен - Слован Братислава
Борусија Дортмунд - Шахтар
Брест - Реал Мадрид
Динамо - Милан
Жирона - Арсенал
Интер - Монако
Јувентус - Бенфика
Лил - Феенорд
Манчестер Сити - Клуб Бриж
ПСВ - Ливерпул
Салцбург - Атлетико Мадрид
Спортинг - Болоња
Штурм - Лајпциг
Штутгарт - ПСЖ
Јанг бојс - Црвена звезда