Го избркаа од Премиерлигата, сега ќе преземе репрезентација која ќе игра против Македонија?

Шпанскиот тренер, Хулен Лопетеги е во преговори со Белгиската фудбалска федерација за позицијата селектор која е слободна откако Доменик Тедеско доби отказ.

Лопетеги пред само десетина дена доби отказ од Вест Хем поради лошите резултати, а информациите велат дека веќе е во преговори за нова работа.

Белгија го сака да биде нивни селектор, преговорите се активни, но се споменуваат уште неколку кандидати како Тјери Анри и Руди Гарсија.

На Лопетеги позната му е селекторската работа, тој ја водеше Шпанија до пласман на СП 2018 година, но доби отказ на неколку дена пред почетокот на Мундијалот кога се дозна дека веќе има договор со Реал Мадрид.

Белгија е репрезентација која е во групата со Македонија во квалификациите за СП 2026.