ПСЖ со пресврт против Ланс ја запиша четвртата победа по ред
Ланс со погодокот на Нзола во 36. минута стигна до посакуваното водство, откако избраниците на Луис Енрике не покажаа ништо посебно во првиот дел.
Енрике ги разбуди своите фудбалери на полувремето, по што во вториот дел најпрво Руиз погоди за 1-1, а потоа Баркола стрелаше за целосен пресврт (2-1).
ПСЖ е прв во Лига 1 со 46 бодови, односно 10 поени повеќе од Олимпик Марсеј.