„Не треба да тагуваме, треба да го менуваме менталитетот..."
Ракометарите имаа добра прилика да слави против Унгарија, но на крајот дуелот заврши без победник 27-27.
„Нема за што да жалиме, можевме и да го загубиме натпреварот. Станува збор за една екстра квалитетна репрезентација која во иднина само ќе расте и самите ќе може да се уверите во тоа. Знам дека не е мала работа бод против силната Унгарија, но можевме и да го загубиме натпреварот, сакам да има честитам на момците за секој сегмент од ракометната игра. Почнувајчи од одбраната која имаше една страшна кохезија, потоа една транзиција и нашиот сигурен напад. Сепак и нашите главни многу се потрошија се надевам дека брзо ќе се одморат и ќе се вратиме свежи за она што не очекува.За два дена играме против Холандија, знаете каков е ритамот на Светското првенство, треба брзо да се размислува и да смислиме одредена стратегија“.
Следниот натпревар со Холандија се игра за два дена и за подготовка имаме малку време.
„Многу трениравме и се подготвуваме, ние сме една млада репрезентација и мислам дека треба да имаме сили за натпреварот со Холандија. Пред овој натпревар подготовките во најголем дел се однесуваа за овој натпревар, многу помалку се подготвуваме за Холандија и овој краток период ќе го искористиме за подобро да бидеме спремни за овој дуел.
Лазаров очекува и поголема поддршка за дуелот со Холанѓаните.
„Очекуваме поголема поддршка од публиката посебно затоа што е викенд такви се нашите искуства од минатото, очекуваме да дојдат уште повеќе Македонци и да добиеме уште поголема поддршка“:
Селекторот смета и дека финишот од средбата не треба да остави трага кај ракометарите.
„Ќе работиме психолошки, финишот од натпреварот кај мене нема да остави трага, ќе видиме кај ракометарите. Сепак, треба да бидеме задоволни од она што се случи и полека со главите да се насочуваме кон натпреварот во петок“.
Потенцираше Лазаров и уште еднаш дека бодот е голем успех за Македонија.
Ова е голем успех за нас, за нашата мала земја. Не очекував ваков резултат, они беа петти во Германија, играа на ЛОИ. Имаат многу добри и искусни играчи. Задоволни сме, знаеме дека за два дена ќе имаме потешка задача со Холандија.. Унгарија можеби е подобра, но Холандија е побрза...
Не сум сигурен дека децата станаа мажи. На овој меч ние загубиме бод, имав чувство дека мора да ја држиме топката, но го плативме данокот на неискуството...