Четири клуба остануваат без сали за играње - Работнички е меѓу нив!
Комисијата за проверка на спортските сали констатира кои сали ги задоволуваат условите пропишани во Службените кошаркарски правила, односно четири екипи остануваат без сали за играње на натпревари, а меѓу нив е и прволигашот Работнички.
Салите кои не ги исполнуваат сите технички услови се:
- КК „Гостивар АД“, сала „Младост“ – Гостивар, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;
- МКК „Куманово 2009 АД“, сала „Перо Наков“ – Куманово, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;
- КК „Вардар АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозиции за натпреварување во сениорски лиги);
- КК „Работнички АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги);
КФМ соопшти дека салите ќе бидат суспендирани доколку недостатоците не бидат отстранети до пред почетокот на натпреварите од 14. коло.