Јапонците во македонското првенство ги сменија клубовите
Масааки Такахара е нов играч на Пелистер, а доаѓа од тимот на Струга чиј дрес го носеше досега. За стружани сезонава одигра 11 натпревари со вкупно 228 минути и на нив оствари една асистенција, исто како и во квалификациите за Лигата на шампионите.
Нов клуб има и Јумеми Канда кој во вториот дел од првенството ќе игра за Беса каде заминува од тимот на Шкупи. На 17 натпревари, тој одигра вкупно 817 минути и постигна три гола и една асистенција.