Пукна бомбата во Париз: Кварацкелија се сели во ПСЖ
Фабрицио Романо денеска објави дека двата клуба се договориле за трансферот вреден 70 милиони евра, а претходно крилниот фудбалер ја прифатил понудата што за него стигнала од ПСЖ. „Светците“ за него беа заинтересирани уште во текот на летото кога го гледаа како замена Килијан Мбапе, но нивната желба да го донесат во своите редови ќе се исполни сега.
Кварацкелија за Наполи одигра 107 натпревари и постигна 30 гола, а имаше огромен придонес во освојувањето на шампионската титула пред две години кога и беше прогласен за играч на сезоната во Серија А.