Луд меч во Финска: Лахти даде 201 поен, повеќе од половината ги постигнаа двајца кошаркари!
Лахти е лидер на табелата без пораз, а Оулу тим од средината, па не се очекуваше дека може да доживеат таков дебакл, но домаќините немаа милост, победија со неверојатни 147 разлика.
Само во првата четвртина Лахти не постигна повеќе од 50 поени, во таа реализираше 44, а во наредните три 54, 51 и 52.
Оние кои немаа милост за гостинот се двајца американски кошаркари во Лахти кои заедно постигнаа 105 поени, Саливен даде 53 поени, имаше и 20 скокови и 11 асистенции, Вилијамс реализираше 52 поени.
Ова е историска победа бидејќи во Финска никој досега не победил со 147 поени разлика.
Оулу иако не е најслаб тим во Втората лига, многу брзо може да пропадне бидејќи поради финансиски проблеми си заминаа најдобрите кошаркари и тимот игра со младинци. Кризата почна од декември, а оттогаш загубија еден меч со 68 разлика, друг со 81 разлика. Не се исклучува можноста клубот да прогласи банкрот.