Падна договор, Хусанов е првиот Узбекистанец кој ќе игра во Премиерлигата!
Двата клуба си подале рака и трансферот наскоро ќе биде и официјално реализиран.
Сумата која ќе ја плати Манчестер Сити изнесува 40 милиони евра плус бонуси, се очекува таа да дојде до околу 50 милиони евра.
Дефанзивецот ќе стави потпис на договор до јуни 2029 година, со опција за уште една дополнителна сезона.
Хусанов е првиот фудбалер од Узбекистан кој ќе игра во Премиерлигата.