Баерн по голема драма го реши Милано, Димитријевиќ постигна 11 поени

Баерн Минхен славеше по голема драма против Милано со 79-78 во 17. коло од кошаркарската Евролига, додека македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солиден настап за поразениот тим.

Гостинскиот тим го отвори мечот со одлични 26-14, по што Милано го возврати ударот и намали на еден поен негатива (39-40) на полувремето од средбата.

Големата борба продолжи и во вториот дел каде што беа забележани неколку пресврти, меѓутоа повеќе среќа на крајот имаше Баерн кој славеше со 79-78.

Едвардс беше најдобар во победничкиот состав со 25 поени и три асистенции, додека Миротиќ запиша 18 поени, пет скокови и шест асистенции за Милано, а Димитријевиќ додаде 11 поени, два скокови и четири асистенции.