Клубовите му дадоа црвен картон на Антиќ, ама тој – одбива да си оди од КФМ!
Ова предизвика речиси тричасовни „празна дебата“ и надмудрување помеѓу двете страни, во која приврзаниците за промени се обидуваа да направат смена на дневниот ред со дополнување точка на дневниот ред за смени на претседателот, Управниот одбор и на Надзорниот одбор. Антиќ и неговите приврзаници, кои беа помалку од десет од присутните, по никоја цена не сакаа да дозволат денеска да се гласа за негова смена, додека сите останати се обидуваа да го остварат своето право за дополна на дневниот ред.
Ударна тупаница на струјата на претседателот на КФМ беше поранешниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој како претставник на женскиот прволигаш Пробаскет од Кавадарци се обидување да понуди аргумент зошто не треба да дојде до промена на денешната седница.
Антиќ во еден момент се обиде да ја прекине седницата, но кога виде дека клубовите сакаат да продолжат без него, тој остана на своето место и продолжи да се објаснува со мнозинството кое сака негова промена.