Милан за добра понуда ќе го продаде Тео Ернандез уште во јануари

Според „Тутоспорт“, Милан му соопштил на Тео Ернандез дека може да си замине од клубот уште во јануари доколку на нивна адреса пристигне соодветна понуда.

Односот на Тео Ернандез во последно време стана проблематичен за Милан. Тој беше изоставен за мечот против Џенова откако тренерот Пауло Фонсека искритикува дел од фудбалерите дека не даваат се од себе на секој меч.

Фановите исто така го навредуваа фудбалерот кој е еден од капитените на Милан.

Неговиот агент, Мануел Куилон вчера бил во Милан на состанок со директорите, но информациите велат дека не добил понуда за нов договор.

Иако агентот на директорите им соопштил дека Тео Ернандез сака да остане и да потпише нов договор, расположението во Милан било поинакво.

Понудата на Милан за нов договор не е задоволувачка, му нудат 5 милиони евра плус бонуси, но го информирале и дека може да си замине во јануари.

Манчестер јунајтед силно се интересира за Тео Ернандез, па нема да биде чудно ако наскоро испратат сериозна понуда за францускиот бек.