ЕХФ ѝ посака добредојде на Кастратовиќ во „Куќата на славните“ (ФОТО)

Легендата на македонскиот ракомет, Индира Кастратовиќ беше примена во „Куќата на славните“, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ѝ посака добредојде во посебното друштво.

Вечерва се одржа церемонија на која ЕХФ ги претстави новите членови во „Куќата на славните“, а меѓу нив се најде и легендарната ракометарка.

На церемонијата беше присутен и актуелниот селектор на Македонија, Кире Лазаров.

Список на легенди (мажи и жени) кои влегоа во „Куќата на славните“:

ГОЛМАНИ
• Андреас Тиел / Германија
• Матс Олсон / Шведска
• Дејан Периќ / Србија
• Луминица Хуцупан Дину / Романија

ЛЕВО КРИЛО
• Герго Иванчик / Унгарија

ЛЕВИ БЕКОВИ
• Никола Карабатиќ / Франција
• Микел Хансен / Данска
• Кармен Амариеи / Романија
• Ања Андерсен / Данска

ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ
• Љубомир Врањеш / Шведска
• Енди Шмид / Швајцарија
• Миа Хермансон-Хогдал / Шведска
• Стине Офтедал Дамке / Норвешка

ДЕСНИ БЕКОВИ
• Фолкер Цербе / Германија
• Стафан Олсон / Шведска
• Индира Кастратовиќ / Македонија
• Марта Манге / Шпанија

ДЕСНИ КРИЛА
• Лук Абало / Франција
• Иван Чупиќ / Хрватска

ПИКЕРИ
• Игор Вори / Хрватска

ДЕФАНЗИВЦИ

• Виран Морос / Шпанија