Вардар спектакуларно се врати од мртвите во Битола и му ги загорчи амбициите на Пелистер!
По израмнетиот почеток, Пелистер влезе во одличен ритам и поведе со 8-4. Вардар, сепак не се предаваше, па набрзо успеа да израмни на 9-9, но потоа почнаа проблемите за скопскиот тим.
Битолчани се разиграа во продолжение, додека „црвено-црните“ речиси и да не играа одбрана, па водството на домаќинот до полувреме стигна на високи девет голови (22-13).
Вардар почна да се буди во вториот дел и полека но сигурно, на крилата на Крсманчиќ, кој не промаши ниту еднаш , ја стопи разликата на Пелистер на осум минути пред крајот и намали на само два голови негатива (29-31), по што го внесе мечот во интересна завршница.
Скопскиот гигант на 120 секудни пред крајот намали на 33-34, меѓутоа Пелистер во следниот напад се врати на два гола предност и славеше со 35-33.
Најефикасен во победата на Пелистер беше Радивојевиќ со 13 голови, додека Кузмановски постигна сум погодоци. На спротивната страна Крсманчиќ запиша девет голови.
Вардар и Пелистер имаат по 26 бодови по 15 одиграни кола, додека пред нив е Алкалоид со 28 поени.
Нареден меч кој ќе ја крои табелата на врвот е Пелистер - Алкалоид, каде што шампионот ќе треба да брка негатива од седум разлика за да ги престигне фармацевтите.
Останати резултати:
Борец – Пролет 25-25
Бутел – Радовиш 36-21
Тиквеш – Охрид 26-26