МЗТ Скопје запиша висока победа против Феникс со 92-63, додека ТФТ славеше против Тиквеш со 90-86 во 10. коло од Првата лига.

Феникс парираше само една четвртина (17-20), по што МЗТ направи чекор кон победата и поведе со 38-28 на полувреме.

Како минуваше времето, така разликата на МЗТ се зголемуваше до конечни 92-63 за седми триумф во домашниот шампионат. Бојан Крстевски беше најефикасен кај МЗТ со 20 поени, седум скокови и три асистенции.

ТФТ водеше голема борба со Тиквеш во првата четвртина (21-20), по што стигна до 47-39 на полувремето.

Тиквеш не се предаваше во вториот дел и му парираше на скопскиот тим, меѓутоа ТФТ не дозволи изненадување и на крајот славеше со 90-86.

Глигоријевиќ постигна 22 поени, шест скокови и две асистенции во победничкиот состав, додека Томас Квери запиша 21 поен за Тиквеш.