Мајнц го среди Баерн, шампионот се доближи на само четири бода од врвот (ВИДЕО)
Гостите се соочуваат со големи проблеми со повреди последниот период, а Мајнц го искористи тоа за да дојде до триумф кој повторно ја разгоре борбата за титулата во германското првенство. Херој на домашната екипа беше корејскиот интернационалец Ли Јае-Сунг кој ги постигна двата гола за Мајнц, за водство од 2-0 по еден час игра. Во 87. минута Баерн намали, но не успеа да се избори барем за реми. За Баерн ова е прв пораз оваа сезона, дури во 14. коло од првенството.
Киксот на Баерн го искористи актуелниот германски шампион Баер кој триумфираше на гостувањето кај Аугсбург со 2-0 и се доближи на само четири бода од лидерот откако пред три кола разликата изнесуваше девет бода.
Териер и Вирц во првото полувреме ги постигнаа головите за Баер кој ја оствари четвртата победа во низа и повторно е во игра за титулата.
РЕЗУЛТАТИ
Аугсбург - Баер 0-2
Менхенгладбах - Кил 4-1
Мајнц - Баерн 2-1
Унион Берлин - Бохум 1-1