![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/12/13/243813-debakl-na-evropskiot-shampion-efes-go-deklasira-panatinaikos.jpg?itok=t4fQGOG0)
Дебакл на европскиот шампион: Ефес го декласира Панатинаикос
Панатинаикос даде отпор во првото полувреме, иако Ефес на паузата замина со водство од 5-34, по што влезе во одличен ритам и го полнеше кошот на гостите до конечни 93-67.
Бубоа беше најефикасен кај Ефес со 16 поени, еден скок и две асистенции, додека Слукас запиша 15 поени, четири скокови и три асистенции за Панатинаикос.
Ефес по 15 одиграни меча има осум победи и седум порази, исто како и Панатинаикос, односно двете екипи се на делба на деветтата позиција во Евролигата.