Во Гостивар се играло како во „среден век“, Пелистер жестоко казнет поради навивачите
Гостиварци имале проблем со семафорите за мерење време, кој не успеале да го отстранат до почетокот на натпреварот. Тие обезбедиле резервни семафори, кои, сепак, не можеле да ги приклучат на главниот. И, наместо средбата да биде пролонгирана за 24 часа како што предвидуваат Пропозициите, во кои проблемот би морал да биде решен, двата тима се договориле да играат со мерење време на семафори ставени на столчиња крај теренот. Делегатот го прифатил ова бидејќи двајцата тренери потпишале дека се согласуваат со условите, иако тоа е враќање со децении наназад односно играе кошарка како во „среден век“.
Поради инцидентите со публиката, односно фрлањето тврди предмети кои „може да причинат повреди“, како што пишува во делегатскиот извештај, екипатана Пелистер е казнета со 32.000 денари. Казна поради навивачите доби и МЗТ Скопје, кој ќе треба да плати 10.000 денари поради „навредливото навивање кон челниците на КФМ“.